Уставниот суд во Шпанија ја укина забраната за кориди во Каталонија
Шпанскиот Уставен суд денеска ја укина забраната за борби со бикови во Каталонија, со образложение дека одлуката за тоа треба да ја донесе централната Влада во Мадрид.
Коридата претставува дел од шпанското наследство, па затоа одлуката дали треба да се забрани се однесува на централната влада, а не на полуаутономните региони како Каталонија, се наведува во сооопштението на судот, пренесуваат француските медиуми.
Кон средината на септември во Мадрид се собраа повеќе илјади активисти за заштита на правата на животините, барајќи во Шпанија да се прекине со одржување на традиционалните борби со бикови.
Најмалку 17 шпански градови ги намалија општинските средства, наменети за кориди и енсијери со бикови, или донеле закон со кој тие обичаи се осудуваат или забрануваат, од кога левичарската партија Подемос за првпат влезе во Парламентот на локалните и регионалните избори што се одржаа пред една година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден