Усвоени измените на Изборниот законик, БЕСА ќе има член на ДИК
Собранието на Република Македонија на денешната 13. седница со 77 гласа „за“, ниту еден против и воздржан го донесе Законот за изменување на Изборниот законик, поднесен од пратеничките групи на владејачкото мнозинство и опозицијата.
Со измените на Изборниот законик е предвидено составот на Државната изборна комисија да биде во согласно со постоечкиот однос на партиите во Собранието.
Претходно денеска, пратеникот на БЕСА Фадил Зендели на прес-конференција во Собранието изјави дека очекуваат да имаат член на Државната изборна комисија (ДИК) на претстојните локални избори. Во спротивно, истакна Зендели, одлуките на ДИК би биле нелегални и нелегитимни.
Според информации од партијата БЕСА, најголеми шанси за член на ДИК има адвокатката Ермира Асани Салија, која е член на Централниот одбор на БЕСА.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР