Утре истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава

Утре истекува рокот за доставување годишни даночни пријави за остварен дополнителен приход во текот на 2015 година. Годинава во Управата за јавни приходи очекуваат да бидат поднесени 400.000 пријави.
Годишна даночна пријава (ГДП) задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, приходи од кирии од издавање имот - закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни.
Годишна даночна пријава треба да се поднесе и за лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација..., приходи остварени преку интернет како е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни на пример www.freelancer.com, www.upwork.com, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози на типови за спортски натпревари и други дополнителни приходи, надвор од редовнаta плата или пензија.
Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле приходи по основ на надомест од договори за дело, авторски договори и други договори за кои постоеше обврска за плаќање социјални придонеси за т.н. „хонорарци“ согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во примена од 1 јануари 2015 до 31 јули 2015 година, потребно е да ги искажат соодветно и во годишната даночна пријава, во зависност од видот на исплатата.
Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе од веб страницата на УЈП, а може да се достави дирекно во УЈП, преку пошта или електронски.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
