Утре на сила стапуваат измените на КЗ со кои драстично се ублажува казнувањето на дела поврзани со корупција
Утре на сила стапуваат измените на Кривичниот законик со кои драстично се ублажува казнувањето на дела поврзани со корупција. Законските измени беа објавени во службен весник на семи септември, минатиот четврток, а стапуваат на сила на осмиот ден од објавата во службеното гласило. Измените кои предизвикаа реакции во јавноста беа изглесани во Собранието за само 24 часа. Добија поддршка од 48 пратеници од владејачкото мнозинство додека опозицијата не гласаше.
Сепак одредени политички субјекти излегоа со сомнежи дека тие се резултат на политички договор меѓу власта и опозицијата.


Измените меѓу другото значат намалување на затворски казни за злоупотреба на службена положба за лична корист, можност за порано да застарат дела, бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на буџетот, а пониски казни се предлагаат и за делото злосторничко здружување.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
