Утре повторно судење за смртно прегазената Теодора во Тетово во 2022 година
Во Тетово утре повторно ќе има судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа во 2022 година. Таа била прегазена од автомобил на пешачки премин и починала по неколку дена поради повредите.
Семејството на Теодора информира дека судењето почнало скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември по признавање на вина на возачот, тој бил осуден на три години и шест месеци затвор.
-Обвинетиот поднесе жалба до Апелациониот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор.Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење, вели Ева Ристовска, сестра на Теодора.
Семејство смета дека се соочува со неправда бидејќи возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години.
-Бараме правда и транспарентност во процесот. Ние за одлуките бевме информирани од медиумите. По речиси три години правна борба, а со тоа и пролонгирање и нанесување на дополнителна болка на нашето семејство, повторно сме вратени на почеток. Се прашуваме – уште колку треба да чекаме? Уште колку треба да се бориме за нешто што е очигледно?, вели Ева Ристовска.
Теодора беше тешко повредена кога на 15 август 2022 година во неа удри автомобил „БМВ“ управуван од тогаш 49-годшниот М.П. од Голема Речица. На 18 август таа им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта