Утре пред Собранието законските измени за сметководителите

Утре во рамки на 35. собраниска седница меѓу точките од дневниот ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи. Предлог-законот треба да се донесе по скратена постапка, а ќе им овозможи на сметководителите кои се дисциплински казнети и привремено избришани од регистрите, да ги потпишат годишните сметки и/или финансиските извештаи за 2024 година.
Според текстот што го предлгаат пратеници од владејачкото мнозинство, неисполнетата обврска за континуирано професионално усовршување поради која се казнети, сметководителите ќе мора да ја завршат до 31 декември 2026 година.
Моментно на околу 3 300 сметководители им е изречена дисциплинска мерка „времено бришење од регистарот“, односно им е одземено правото на потпис на годишните сметки зашто не посетувале доволен број часови обука кај консалтинг куќите.
Согласно актуелниот Закон за вршење сметководствени работи, сметководителите и овластените сметководители за надградување на знаењето се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување. Сметководителите треба да имаат вкупно 90 часа обука, а овластените сметководители 120 часови обука. Поради непочитување на овие законски одредби, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) до 15 јануари 2025 година има донесено околу 3 300 решенија со кои им се изречени дисциплински мерки „времено бришење“ на сметководителите и овластените сметководители од соодветните регистри во времетраење од една година.
Сметководителите во четвртокот организираа протест пред Министерството за финансии на кој изнесоа повеќе барања, меѓу кои и најитно изнаоѓање решение за оние што се времено избришани од регистарот за да можат да ги потпишуваат годишните сметки, но и законски измени со кои на ИСОС ќе му се одземат или строго ограничат ингеренциите за контрола на квалитет.
На протестот неочекувано се појави и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која ги ислуша сметководителите и им порача дека предлог-законски измени за решавање на нивниот проблем се веќе во собраниска процедура. Таа и следниот ден, во петокот, на средба со раководството на Сојузот на стопански комори, одговорајќи на новинарски прашања, беше децидна дека сметководителите, иако имаат дисциплински мерки, ќе можат да ги потпишат завршните сметки за 2024 година, но потоа, потенцира, ќе мораат да ги завршат законски предвидените часови за професионална обука. Министерката најави и дека ќе се провери состојбата во ИСОС и доколку се утврдат какви било злоупотреби, како што обвинуваат сметководитечите, ќе се преземат соодветни мерки.
Ново на Сител
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
-

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
