Утре собраниска седница за избор на новата влада
Мандатарот Зоран Заев ноќеска до Собранието на Република Македонија ја достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада. Седницата за избор на новата Влада претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за утре во 11 часот, а програмата и составот се истo така веднаш доставени до пратениците.
Радмила Шекеринска е предложена за министер за одбрана, Оливер Спасовски – за внатрешни работи, Драган Тевдовски – за финансии, Никола Димитров – за надворешни работи, Рената Тренеска Десковска – за образование и наука, Горан Сугаревски – за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, Мила Царовска – за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски – за информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозовски – за култура. Кочо Анѓушев е предложен за вицепремиер за економски прашања, а Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска за министри без ресор. Предлозите на СДСМ Заев ги соопшти синоќа на прес-конференција по седницата на Централниот одбор на партијата.
Предлозите на ДУИ беа соопштени ден претходно. Хазби Лика е предложен за вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бујар Османи за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Садула Дураку - министер за животна средина и просторно планирање, Рамиз Мерко - министер без ресор, Крешник Бектеши - министер за економија и Билен Саљији - министер за правда.
За министер за локална самоуправа е предложен Сухејл Фазлиу, додека за министер за здравство Арбе Таравари. Фазлиу и Таравари се предлози на Алијансата за Албанците.
За изборот на новата влада пратениците треба да се гласаат најдоцна во среда на полноќ, а за неа треба да гласаат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание.
Партиите од новата владина коалиција (СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците) во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници.
Ново на Сител
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда