Утре топло, викендот постудено со снег

Во дел од котлините утре ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува, соопштија од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои постепено ќе преминат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во сабота ќе има значителна промена на времето. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи претежно од снег, кои наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка над 30 сантиметри, а во пониските места од три до десет. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат. Локални врнежи од снег ќе има и во недела претпладне, а од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.
Ново на Сител
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
