Утре времен сообраќаен режим од Стража до тетовски Групчин
Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува и посетува граѓаните дека утре, вторник, 4 април 2023 година, од 11 часот и 45 минути до 13 часот и 15 минути, на потегот од Стража до тетовски Групчин, ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржување на пригодна свеченост по повод започнувањето на градежните работи на автопатот Тетово- Гостивар.
Во овој период целосно ќе биде запрен товарниот сообраќај, при што товарните возила кои ќе бидат затекнати на автопатот ќе се исклучуваат од сообраќај, а ќе бидат отворени сите регионални патни правци на подрачјето кои ќе се користат за таа намена.-
Што се однесува до патничкиот сообраќај од Скопје кон Тетово ќе се одвива до клучката Југ и потоа ќе се пренасочува по регионалните патишта, а од Гостивар кон Тетово ќе се одвива до клучката Камењане и ќе се пренасочува по регионалните патишта, порачаа од СВР Тетово.Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат наредбите и насоките од полициските службеници, како и сообраќајната сигнализација која дополнително ќе биде поставена на овој потег.
Ново на Сител
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски