-->
-->
Утре врнежи од дожд, на повисоките планини повремен снег
-->

Управата за хидрометеоролошки рабори соопшти дека утре ќе има пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота наместа засилен северен ветер, над 60 километри на час, особено вдолж Повардарието.
Дневните температури значително ќе опаднат.
Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и пораст на дневните температури кои и во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
