Македонија
20. October 2024 - 8:51

Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска - утрото студено понекаде со услови за слаба магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно со сончеви периоди особено во источниот дел. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 21 степени.

Од УХМР најавија дека следува период во кој ќе преовладува стабилно и претежно тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до некој степен под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност, а до средината на работната недела дневната температура ќе биде во благ пораст.