-->
-->
Утрово гореа три автомобили на паркинг во скопски Аеродром
-->
Три автомобили со скопски регистерски таблици утринава гореа среде паркинг во Аеродром. Според информациите на полицијата, утринава во 05.07 часот на паркинг простор на булевар „Јане Сандански“ во Скопје биле опожарени патничко возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М. Скопје и патничкото возило „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Р. од Скопје. Делумно опожарено е патничкото возило „Форд Фјужн“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.П. од Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од Полициската станица Аеродром. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ
-
Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани