Утрово најстудено во Маврово, Берово и Крушево

Маврово, Берово, Крушево, Ѓуриште, Тополчани, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране утрово имаа температури под нулата.
Во Маврово, како што информира УХМР, се измерени минус 7 степени, во Берово -5, во Крушево - 4, Ѓуриште и Тополчани -3, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране -2, во Штип, Виница, Струмица, Прилеп и Куманово нула, во Скопје, Битола, Охрид, Претор и Дебар еден, Тетово 2, Демир Капија 3, Дојран 4 и Гевгелија 5.
Во текот на ноќта зголемена облачност имаше на крајот од ноќта на запад и северозапад. Утрово е претежно сончево на југоистокот од земјата. На повисоките места и вдолж Повардарието дува умерен северен ветер.
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер и доста студено преку денот. Температурата до 6 степени.
До средината на работната недела ќе се задржи променливо облачно повремено со подолги сончеви периоди. Во вторник на крајниот југозапад ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Во овој период ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер и утринските температури на повеќето места ќе бидат под нулата. Од четврток ќе започне да дува претежно југоисточен ветер, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Изгледи за нови врнежи има за крајот на следниот викенд.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
