-->
-->
Утрово побели и Кичево, сообраќајот се одвива без проблеми
-->
Снегот што утрово заврна во Кичево и Кичевско формира незначителна покривка, но доволно за радост на децата кои имаат можност да го видат. Сообраќајот се одвива без поголеми проблеми.
На коловозите првично се формира снежна покривка, но по интервенција на комуналната служба и ангажираните фирми што излегоа на терен и расфрлија сол и песок, главните сообраќајници во градот се исчистија и сообраќајот по нив се одвива нормално по влажни коловози.
Сообраќајни проблеми нема ниту на локалните и регионалните патни правци, дури и кај повисоките рурални средини, информираат од Општина Кичево, од каде што додаваат дека будно ја следат сотојбата и дека се подготвени за дејствување и при пообилни врнежи од снег.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци