-->
-->
УЖАС ВО МИГРАНТСКИ КАМП: Авганистанец уби петгодишно дете во Германија
-->

Мигрант од Авганистан уби петгодишно дете од Русија во кампот за мигранти во Баварија, соопшти локалната полиција.
Полицијата добила повик за инцидент во кампот околу 16:50 часот по локално време. Полицајците кои стигнале на местото на несреќата, затекнале 41 годишен мигрант од Авганистан, кој како заложник држел 5 годишно дете. Напаѓачот му се заканил со нож.
- Мажот на детето му нанел тешки повреди со нож, од кои детето починало на лице место, соопшти полицијата.
Припадниците на полицијата отвориле оган и го убиле авганистанскиот државјанин.
Мигрантот исто така и нанел тешки повреди на 47 годишната мајка на детето, но таа не е во животна опасност.
-Амбасадата на Русија во Германија, заедно со Генералниот конзулат на Русија во Минхен, ги проверуваат информациите за инцидентот. Откако ќе се појават повеќе информации, ќе бидете известени, соопшти прес службата на амбасадата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
