Уживајте, убав и сончев ден

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 24 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, повеќе изразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе бидат во постепен, а дневните во позначителен пораст. Од ноќта кон сабота облачноста ќе се зголеми и за време на продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела ќе почне да дува северен ветер кој ќе донесе спуштање на температурите. Во понеделник попладне се очекува нестабилно време со појава на грмежи.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
