-->
-->
В среда средба Нетанјаху-Ганц за формирање влада
-->

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика својот главен ривал, лидерот на сојузот на партии на центарот Сино-бело Бени Ганц и побара средба заради евентуално формирање влада на единство.
Средбата меѓу преговарачките тимови на Нетанјаху и Ганц е закажана за в среда во Кнесетот, кога започнува и судското сослушување на Нетанјаху за корупција, пренесува израелски Харец.
Преговарачките тимови на Ганц и Нетанјаху не успеаја да постигнат договор во неделата наутро, поради што актуелниот израелски премиер го повика Ганц, кој се наоѓа во Лондон и предложи двајцата ќе се состанат веднаш штом ќе се врати во Израел.
Претседателот Поувен Рувлин мандатот за формирање влада му го додели на Нетанјаху, откако за нов премиер го препорачаа 55 од вкупно 120 пратеници. Ганц имаше поддршка од еден пратеник помалку, но неговиот сојуз освои 33 пратенички места, едно повеќе од владејачката Ликуд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
