Вајгл: Опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот
Европратеникот Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во ЕП, ја повика опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот. Потенцира дека власта и опозицијата мора да работат заедно за доброто на државата.
Вајгл кој учествува на денешната конференција на Косап, рече дела и власта треба да има предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е најсилната политичка партија во Парламентот и нивното остсуство е многу проблематично, особено кога се работи за секојдневната работа во законодавниот дом.
- Владата и коалицијата на власт има одговорност да направи опозицијата да се чувствува комотно и активно и да и се даде шанса, особено за стратешки прашања што всушност недостасува во овој момент, рече Вајгл.
Нагласи дека има големи очекувања од процесот „Жан Моне“, но рече дека тој најверојатно ќе почне во март, но тоа нема да биде Париз. Одлуките и заклучоците ќе се носат во Собранието.
Теми на конференцијата на Косап се европската перспектива и владеењето на правото во земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
На дедо од Крњарево му дошле дома за да гласа, внукот пријавил во полиција
-
Паланчанец делел бонови од по 1.000 и 2.000 денари за гориво
-
Познати се полуфиналните пресметки во ракометната лига на шампиони
-
Србија, Хрватска и Словенија во финалето на „Евросонг“
-
Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале