Вака изгледаше порано, а потоа ракот на дојка ја изеде: Со фотографиите сака да ги предупреди младите девојки
Бјанка Инес пред само шест месеци откри дека боледува од рак и имала две операции, 12 хемотерапии и 10 пати била во болница. Нејзиното тело после се што поминало не можеше да издржи и младата жена сега изгледа непрепознатливо.
Се почна кога Бјанка напипала мал чвор на десната дојка. За неколку недели тој пораснал со неверојатна брзина и на 21. роденден лекарите и ја соопштиле најстрашната вест - дека има трет степен рак на дојка, многу ретка дијагноза за некој на нејзини години.
Ова е потсетник дека ракот не бира. Не го интересираат вашите години или финансиската ситуација. Целото ова патување се обидувам да бидам позитивна, да ја покажам суровата реалност и да ги предупредам младите жени, напиша таа на Инстаграм.
Во декември го продолжува лекувањето и за иднината размислува позитивно.
Можам да кажам дека се радувам на тоа што сум чекор поблиску до живот без рак, одлучна е Бјанка.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер