Вака Ламбе Алабакоски и син му Михаил во ист ден славеа роденден!
Ламбе Алабакоски откако се ожени и го доби синот Михаил, како да му кажа „збогум“ на пеењето, па тој и неговата сопруга Магдалена уживаат во детството на својот единец.
Михаил очигледно од мама ја наследил убавината, од тато стилот, па уште на една и пол годишна возраст личеше на вистински мал господин кој ветува дека ќе биде голем даса кога ќе потпорасне…
Као времето бргу лета, додека се завртиш ете ти го Михаил како го слави својот трет роденден… и тоа не сам, туку заедно со роденденот на татко му… на ист трошок!
Обајцата седнати крај масата за да ги дувнат свеќичките… Славеничка торта до душа нема, ама затоа има роденденски колачиња… Вirthday cookies – што би рекле+ шампањско… И тоа со посвета: Среќен роденден… на квадрат! И на Ламбе и на малиот Михаил! Или … #happy birthday to us… како што напишал во роденденскиот пост самиот Ламбе! А Михаил… машала, не веќе мал! Израснал во виситинско момче. Или што би рекол еден од пријателите на Алабакоски: „Малиот машала, нинџа прав“!
Сега роденден, а за некој ден ( вторник, 21 ноември) Михаил ќе слави и именден… Св. Архангел-Михаил! Овој пат слава му е саму нему, па тато Ламбе не ќе може да мине на еден трошок… Може само да му честита, да наздрави и да се напие!
Ново на Сител
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано