Свет
7. September 2021 - 11:27

Вакцинацијата сè уште не е доволна за да се спречи епидемијата на Ковид-19 во Франција

Според моделите на Институтот Пастер, може да се стравува од нов бран на контаминација, со максимум од 5.200 дневни хоспитализации, доколку се укинат сите мерки за контрола на епидемијата, јави дописникот на МИА од Франција.

Французите, како и целиот свет сè уште се соочуваат со епидемијата на „Ковид-19″. Соочени со мутација на вирусот која е многу повеќе заразна и поопасна од оној што се појави во почетокот на 2020 година, само вакцината нема да биде доволна за да спречи нов епидемиски бран. Според моделите од Институтот Пастер, дури и со високо ниво на имунизација (70 отсто од 12-17 годишници, 80 отсто од 18-59-годишници и 90 отсто од 60-годишници и повеќе), епидемијата би можела да се врати, со максимум од 5.200 дневни хоспитализации, многу подалеку од првиот или вториот бран, доколку се укинат сите мерки за контрола.
-Ова значајно влијание може да биде изненадување, но за време на првиот бран, се проценува дека 5 отсто од Французите биле заразени – веројатно помалку меѓу најранливите, кои имале помал контакт – и ова беше доволно за да го совлада здравствениот систем, подвлекува Симон Каучемез, моделар во Институтот Пастер и член на научниот совет.

-Дури и со 90 отсто покриеност меѓу најстарите, ова значи дека има уште 10 отсто ранливи луѓе, три пати повеќе од населението заразено за време на првиот бран, објаснува тој, додавајќи дека варијантата Делта го зголемува ризикот од хоспитализација за 50 отсто во споредба со варијантата Алфа, самата поопасна од историскиот вирус.

Иако е висока, покриеноста со вакцинацијата останува недоволна за да го блокира вирусот, особено бидејќи неколку студии објавени летово сугерираат дека вакцината само делумно штити од инфекција.

-Ако вакцинираните имаат поголема веројатност (отколку порано) да се инфицираат и да го пренесат, вирусот ќе продолжи да циркулира и невакцинираните на крајот ќе бидат заразени, објаснува моделарката. Во сценариото на Институтот Пастер, невакцинираните од над 60 години (3 отсто од населението) претставуваат 43 отсто од хоспитализациите.

Децата и адолесцентите (22 отсто од француската популација) се чини дека се најизложени, со 33 отсто од заразеност. Овластено од 15 јуни, вакцинацијата на деца од 12-17 годишна возраст започна со воведување на здравствена дозвола, важечка за нив до 30 септември: 50 отсто од оваа возрасна група е целосно вакцинирана и скоро 65 отсто примиле барем една доза

-Ситуацијата на децата е особено загрижувачка, забележуваат авторите на студијата, загрижени за последиците што едно такво ниво на контаминација ќе ги има во училиштата.

-Ниската покриеност со вакцинација кај децата ги изложува на затворање на одделенија, со штетно влијание врз нивното образование и нивното ментално здравје, нагласуваат тие.

Покрај тоа, иако „Ковид-19″ е најчесто блага болест кај деца и адолесценти, голем број инфекции може да резултираат со голем број педијатриски хоспитализации. Во последната недела од август, беа дијагностицирани нешто повеќе од 10.100 случаи кај деца од 0-9 годишна возраст, и нешто повеќе од 20.100 случаи кај деца од 10-19 години, во споредба со 800 и 3.100 соодветно пред една година во исто време.

Во тек е моделирање за подобро да се процени овој ризик во Франција, додека епидемиолозите веќе алармираат во други земји. Една американска студија проценува дека помеѓу една четвртина и половина деца од основно училиште може да бидат заразени во текот на првите три месеци од училиште, дури и додека биле маскирани. Овие резултати зависат од различни фактори, како што е процентот на населението кое е веќе имуно на вирусот (по инфекција или вакцинација) или контролните мерки надвор од училиштето, но даваат идеја за тоа колку брзо вирусот може да се шири.

Во општата популација, моделите на Институтот Пастер сугерираат дека намалувањето од 20 отсто до 30 отсто на стапката на пренос на вирусот („Р” во жаргон), во споредба со сценарио без мерење, може да биде доволно. Бранот останува под она што беше забележано во март и ноември 2020 година. „Со сите тековни мерки, можеме да се надеваме дека намалувањето е веќе од овој ред”, објаснува Симон Каучемез, потсетувајќи дека ограничувањата што првите бранови овозможија да се постигне намалување од 70 до 80 отсто.

-Големата неизвесност е почетната точка. Во нашето сценарио, претпоставивме R од 5, но други моделирачи оценуваат дека ова е оптимистички и очекуваат R од 6″, додава научникот, прецизирајќи дека по осумнаесет месеци мерења, многу е тешко да се процени стапката на пренос на вирус.

Таа се надева дека Французите ќе ја поминат зимата без дополнителни ограничувачки мерки, но треба да се остани со голема претпазливост и подготвеност да се реагира веднаш.