Македонија
25. February 2021 - 15:41

Вакцинирани 1677 здравствени работници, над 111 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19

Вакцина против Ковид-19 примиле 1677 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација се пријавиле 67.700 граѓани, а 43.789 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.