Вакцинирани над 65 проценти од вработените во скопските градинки

Зависно од епидемиолошката состојба ќе се преземаат мерки за намалување или за евентуално зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките.
-Бројката на вакцинирани вработени во скопските градинки е повеќе од 65 проценти, информираше денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по средбата со директорките на скопските градинки во пресрет на почнувањето на новата училишна година, кога се очекува зголемен бројот на дечиња во градинките.
– Во јаслените групи до две години бројот на дечиња е 15, а на групите од две до шест години изнесува 20. Согласно епидемиолошката состојба, така и ќе ги креираме протоколите, односно ќе преземаме мерки за намалување или за евентуално опуштање на бројките. Заради годишните одмори само околу 8 300 дечиња се присутни во градинките, а протоколот дозволува сместување на 25 600 дечиња, рече Шахпаска.
Министерката информираше дека на состанокот со директорките е разговарано за подготовката на градинките за почетокот на идната школска година и нивното зголемено присуство во градинките, доследното почитување на протоколите, за процентот на вакцинирани вработени во градинките и други теми. Најави дека ќе организираат средба преку зум платформата и со другите директори на градинките.
Шахпаска упати апел до невакцинираните вработени во градинките, да се вакцинираат, затоа што, како што рече, нивната одговорност е особено значајна.
– Прво, се грижиме за сопственото здравје, за нашиот имунитет, меѓутоа придонесуваме за чување на јавното, општото здравје со доследно почитување на протоколите на здравствените власти кои што говорат дека пациентите, односно граѓаните кои и покрај вакцинацијата успеале да бидат позитивни на коронавирусот, имаат поблага клинична слика, рече министерката Шахпаска
Ново на Сител
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
