Вакцинираните во Германија од недела ќе бидат ослободени од многу мерки
– Бундестагот, по Долниот дом на германскиот Парламент, денеска исто така ја одобри владината уредба со која на вакцинираните против коронавирусот им се дозволува одредено ослободување од мерките против пандемијата.
Според уредбата, која треба да стапи на сила во недела, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го преживеале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.
Вакцинираните исто така ќе бидат ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од таканаречените области каде што има и други соеви на вирусот, како Индија, Бразил или Јужна Африка.
Како целосно вакцинирани се сметаат луѓето кои примиле две дози од вакцината и поминале две недели по приемот на втората доза.
Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет повика на единство во општеството и предупреди на можни поделби помеѓу вакцинираните и оние кои сè уште не добиле можност да се вакцинираат.
Тој им порача на вакцинираните дека кон оние кои сè уште не се вакцинирани треба да се однесуваат „со почит и без триумфализам“.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
