-->
-->
Ван Гал понуди богатство за Милер?!
-->

Германскиот весник Bild пренесува дека Манчестер Јунајтед испратил во Минхен понуда вредна 85 милиони евра за трансфер на Томас Милер.
Во текот на преодниот рок германскиот шампион два пати ја одби понудата на ‘црвените ѓаволи’ за трансфер на напаѓачот, кој минатата недела наводно изјавил дека ништо против да се пресели на „Олд Трафорд“.
Доколку Манчестер Јунајтед го донесе Милер тогаш ќе го урбе британскиот трансфер рекорд кој го постави минатата година кога во клубот пристигна Анхел Ди Марија.
Јунајтед добро ја отвори новата сезона, во првите две кола во Премиерлигата забележани се две победи, а во вторникот со 3:1 е совладан и Бриж во првот плејоф меч во Лигата на шампионите.
Исто така и Милер добро влезе во новата сезона, во првото коло во Бундеслигата тој постигна два гола против Хамбург.
Инаку, Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок мора да донесе напаѓач бидејќи покрај Вејн Руни во тимот е уште само Чичарито Хернандез кој не е миленик на менаџерот Ван Гал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
