Вања на интернет комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС
Убиената Вања комуницирала со момче од Шведска на интернет, а деталите што ги откриле на неговиот профил ги вознемириле истражителите, но и ги однеле во погрешна насока поради која изгубиле два дена.
– Го проверивме профилот и забележавме дека на неговата страна имаше знамиња поврзани со ИСИС. Тоа го направи случајот уште посериозен и веднаш вклучивме колеги од други оддели за да ја провериме таа можна закана – рече Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал, кој денеска даде исказ во судот во врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Се преземале обемни проверки, вклучително и соработка со шведските власти, како и проверки на границите, но истрагата не резултирала со конкретни наоди.
– Сите проверки беа негативни и оваа трага не водеше никаде. Изгубивме два дена работејќи на оваа теорија – сведочеше Димовски, објаснувајќи дека полицијата морала да одземе телефони и компјутери за детални анализи, кои траеле неколку дена.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија