Вардар против Мешков во полуфиналето на СЕХА-лигата

Македонскиот шампион Вардар ќе игра против домаќинот Мешков во полуфиналето на регионалната СЕХА-лига. Во второто полуфинале ќе играат Нексе и ППД Загреб. Победникот од овие полуфинални средби ќе се бори за трофејот. Ф4-турнирот ќе се одржи на 2 и 3 април во Брест.
„Црвено-црните“ одиграа 18 кола, и остварија 14 победи и четири порази освојувајќи 42 бода. ППД Загреб, Нексе и Мешков ги освоија другите три места, и сите имаат по 39 бода.
Вардарци и Мешков веќе играа меѓу себе во полуфиналето во СЕХА-лигата во Брест пред две сезони. Тогаш Вардар ја освои титулата, откако во финалето триумфира над Веспем.
Вардар е единствен тим со четири титули во СЕХА и само втор што има две титули по ред.
Брест е вториот град каде што вторпат ќе се игра Ф4-турнирот од регионалната ракометна лига. Претходно само Скопје двапати беше домаќин.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
