Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија

Ракометниот клуб Вардар 1961се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако славеше против Алкалоид со 32-31 по изведување на пенали.
По регуларните 60. минути, натпреварот кој се играше во салата „Билјанини извори“ во Охрид заврши со резултат 28-28, откако гледавме неизвесен дуел од почеток до крај.
Во пенал серијата, голманот на Вардар, Мигел Еспиња одбрани два седмерци во втората и третата серија.
Прв стрелец кај победникот беше Вуко Борозан кој реализираше седум гола, додека кај Алкалоид, Серафимов беше стрелец на девет гола.
Голманите имаа свој ден во двата тима, откако Еспиња мечот го заврши со 12 интервенции, додека Галевски имаше 15.
Вториот полуфинален меч меѓу ГРК Охрид и Пелистер, кој требаше да започне во 19 и 30 часот, ќе почне со задоцнување.
Ново на Сител
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
