-->
-->
Вардар со апел за фер и коретно навивање на дуелот против Копенхаген
-->
Откако македонскиот првак Вардар заработи висока казна од УЕФА, меѓу другото и за односот, односно скандирањето на „Комитите“ против европската куќа на фудбалот, раководството на Вардар преку официјално соопштение упати апел за фер и кореттно навивање на претсојниот меч во Лигата на шампиони против данскиот Копенхаген.
„Ја замолуваме публиката за фер и коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без навивање против УЕФА. Ве потсетуваме дека токму УЕФА излезе во пресрет и ни дозволи да го играме овој натпревар на „нашиот“ стадион на „Телеком Арената“ во Скопје. Затоа Ве замолуваме да не истакнувате пароли и да извикувате против УЕФА, во спротвно ќе се соочиме со казна и со опасност следниот меч да го играме пред празни трибини. Поддршка е потребна, но таа да биде со фер и коректно навивање, со бодрење на момците во „црвено-црно, кои имаат историска шанса“, пишува меѓу останатото во соопштението објавено на официјалната интернет страна на клубот.
Дуелот помеѓу Вардар и Копенхаген се игра во вторник (25 јули) на арената „Филип Втори“ со почеток од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели