-->
-->
Вардар во Новата година стартува против Нексе во СЕХА лигата
-->

Ракометарите на Вардар по пузата поради Светското првенство им се враќаат на клупските обврски, во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. „Црвено-црните“, вториот дел од сезоната, ќе го отворат со натпреварот против Нексе во регионалната СЕХА лига.
Вардар е лидер во СЕХА лигата, со обезбеден настап на завршниот турнир, а до крајот на регуларниот дел од сезоната пред тимот на Раул Гонзалес остануваат уште три натпревари, првиот од нив е в четврток прптив Нексе.
„Нексе има нов тренер, тоа е екипа која игра добар ракомет, но нас не интересира само победата. Добро трниравме, време за анализи немавме многу, но верувам дека 2017 ќе ја започнеме со победа“, рече на прес конференцијата вардаровиот тренер раул Гонзалес.
„Долго време не бевме заедно, оваа е прв натпревар по паузата. Мислам дека тоа нема да преставува проблем и да ги смени работите. Играме против Нексе, одличен тим, кој знаел да ни направи проблеми. Домаќини сме и сакаме со победа да ја започнеме оваа полусезона“, рече капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.
Вардар во СЕХА лигата е лидер со 12 победи, само еден пораз, а два пати одиграл нерешено, зад „црвено-црните“ на табелата се Веспрем со 35 бодови, три помалку од Вардар, односно Загреб (кој има два натпревари помалку), Цеље и мешков Брест.
Натпреварот Вардар-Нексе ќе се одигра в четврток од 17:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
