Вархеји и Силва пристигнаа во Скопје
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, во името на Претседателството со Советот на Европската Унија, пристигнаа попладнево во Скопје.
Силва и Вархеји денеска престојуваат во Скопје и Софија, со цел да разговараат со официјалните претставници на двете земји за проширувањето на ЕУ, можноста за одблокирање на процесот со цел одржување на првата меѓувладина конференција со С Македонија.
– МНР, Силва и комесарот, Вархеи само што слетаа во Скопје, доаѓајќи во важен период за нашите евроинтеграции, носејќи со себе нов поттик на португалското претседателство. Сите треба да бидеме на висината на задачата за да ги зачуваме перспективите на заедничката европска иднина, напиша шефот на дипломатијата Бујар Османи на својот Фејсбук профил.
Претходно во Софија, Силва и Вархеји се сретнаа со бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој рече дека Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Република Македонија.
Стоев изјави дека очекува „соседите во регионот“ да работат во дух на искреност и конструктивност, нагласувајќи дека постои целосен континуитет во бугарската политика во однос на Македонија и дека за Бугарија останува клучно да се одржат добрососедските односи и да се спроведува Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година.
Премиерот Зоран Заев завчера од Брисел најави дека се подготвува ваква посета во пресрет на одлучувачкиот Совет за општи работи на ЕУ на 22 јуни кога ќе се одлучува за усвојување на преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Македонија, со што би започнале и формално преговорите за членство во ЕУ година и половина откако беа одобрени.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка