Свет
31. December 2016 - 10:51

„Вашингтон пост“: Руски хакери го пробиле електричниот систем на САД

Шифрата поврзана со руските хакерски напади е откриена во Вермонт и укажува на „ранливост“ на американскиот електричен систем, пишува денеска „Вашингтон пост“. 

Шифрата не ја попречила работата на системот, соопштија претставниците на САД.

Се наведува дека претставниците се уште не откриле зошто Русите го нападнале токму овој систем, но можно е да стану збор за проба со која тие сакале да проверат колку можат да ги пробијат останатите системи. 

Во декември 2015 година Украина остана без струја поради сајбер напади, за што се обвинети Русите.