„Вашингтон Пост“: САД ќе прекинат со користењето приватни затвори
Американското Министерство за правда планира да прекине со користење на услугите на приватните затвори, објави весникот „Вашингтон пост“.
Според весникот, ваквиот предлог следи по извршената анализа на состојбите во приватните затвори, при што е утврдено дека тие стануваат се понебезбедни и понеефикасни.
Американскиот заменик јавен обвинител Сали Јеитс соопшти дека Министерството за правда им дало инструкции на надлежните казнени институции „значителчно да ги намалат“ договорите со приватните затвосрки установи.
Целта на оваа препорака, според Јеитс, е намалување и во крајна линија, целосен прекин на користењето на услугите на приватните затвори.
- Тие едноставно не го обезбедуваат истото ниво на услуги, програми и ресурси, а со нивното користење не се намалуваат трошоците. Како и што е наведено во неодманешниот извештај на Главниот инспектрорат на Министерството, во нив не е постигнато ниту исто ниво на безбедност (како во државните затвори), додаде Јеитс.
Ново на Сител
-
Без струја утре делови од општина Центар
-
Германски државјанин спасен откако се изгубил на Скопска Црна Гора
-
Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи
-
Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци
-
Џозеф: Македонскиот модел може да послужи во Србија, САД можат да бидат посредникот
-
Трамп: Зошто хеликоптерот не одеше нагоре или надолу, или се сврти
-
Дали студентските протести во Србија се „обоена револуција“, како што тврди власта
-
Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер, има жртви