Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја повика Кина да се обиде да го одврати Иран од затворање на Ормутскиот теснец, важен трговски воден пат, по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран.
- Ја охрабрувам кинеската Влада во Пекинг и ги повикувам за ова прашање бидејќи тие се во голема мера зависни од Ормскиот теснец за нивната нафта, изјави Рубио за „Фокс њуз“.
Аналитичарите веруваат дека Иран би можел да одговори на нападот на Вашингтон што се случи во ноќта меѓу саботата и неделата со затворање на Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светскиот транзит на нафта.
- Ако го затворат, тоа ќе биде уште една огромна грешка. Тоа е економско самоубиство за нив ако го сторат тоа, а ние правиме сè што можеме да се спротивставиме на тоа, рече Рубио.
Шефот на американската дипломатија рече дека и другите земји треба да се справат со ова прашање, бидејќи економиите на многу земји ќе бидат погодени многу повеќе од американската.
- Мислам дека тоа би претставувало огромна ескалација што би заслужувала одговор. Не само од наша страна, туку и од другите, рече американскиот државен секретар.
Иран претходно се закануваше со напади врз базите што ги користат американските сили на Блискиот Исток, а советник на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, рече дека тие ќе се сметаат за „легитимни цели“.
Кина им се придружи на Русија и голем број арапски земји во осудата на нападите на САД врз Иран, велејќи дека тие „ги влошуваат тензиите на Блискиот Исток“.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
