Ватикан обвини пет лица поради аферата Ватиликс
Ватикан денеска покрена обвиненија против пет лица, вклучително и двајца новинари, поради објавување на доверливи документи за малверзации во Светата столица и за злосторничко здружување.
Прелиминарното сослушување е закажана в понеделник.
Шпанскиот свештеник Лусио Анхел Ваљејо Балда и италијанскиот маркетиншки експерт Франческа Шауки уапсени се на почетокот од месецот под сомнение дека ги украле и ги доставиле до медиумите доверливите документи, но во меѓувреме Шаки е ослободена бидејќи соработувала со истрагата.
Балда и Шауки, заедно со трето обвинетиот Никола Мајо, беа членови на специјалната комисија именувана од папата Франциско, задолжена за советување за економските реформи на Ватикан.
Новинарите Џанлуиџи Нуци и Емилијано Фитипалди се обвинети поради објавување на книга со доверливите документи, кои ги собрала Комисијата.
Фитипалди истакна дека е шокиран од постапката на Ватикан.
- Можеби јас сум наивен, но верував дека ќе ги испитаат оние кои ги открив за криминални дејности, а не лицето кое ги откри криминалите, посочи Фитипалди.
Согласно законот од 2013 година, донесен по наредба на папата, обвинетите може да бидат осудени на пет години затвор.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер