Вазна во главата - Претепан поранешниот градоначaлник на Охрид Александар Петрески
Вазна во главата добил екс градоначалникот Александар Петеревски по инцидентот кој денеска се случил во Охрид, дознаваме од свои извори. Според нашите информации, денеска околу 14 часот во просториите на агенцијата за надвижности, „Трилиум“ лоцирана на булеварот „Туристичка“ во Охрид биле три лица меѓу кои и екс охридскиот градоначлник.
Во еден момент по кратка расправија избила тепачка меѓу Петрески и 55 годишниот М.Ч. од Струга од една страна 51 годишниот О.С. од Охрид од друга.
Во еден момент О.С. го удрил Александар Петрески со вазна во пределот на главата. Потоа се обидел да извади пиштол но Петрески и неговиот пријател М.Ч. успеале да го спречат во тоа и да му го одземат пиштолот. Во тој момент О.С. се дал во бегство а случајот бил пријавен во полиција.
Од МВР ја потврдуваат информацијата но не откриваат повеќе детали бидејќи увидот се уште е во тек. Од таму велат само дека пиштолот е веќе обезбеден од полицијата и дека ќе се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника