Живот
21. October 2015 - 15:06

Вечерва спектакуларен метеорски дожд на небото

На областите каде што има слабо осветлување, ноќеска и рано наутро ќе можете да гледате голем број на „ѕвезди кои паѓаат“ наречени Ориониди.

Дождот се  состои од остатокот од Халиевата комета која последен пат орбитираше околу земјата во 1986-та година и нема да можеме да ја видиме до 2061-ва година.

Сепак, секоја година во втората половина од октомври месец Земјата минува низ остатоците од кометата, па небото ќе биде осветлено од вистински дожд на метеори. Оваа година се претпоставува дека околу 5-6 часот наутро по средноевропско време ќе летаат од 10 до 20 метеори на час.

За да ги видите, треба да го следите југоисточното небо. Тоа што е добро е што нема да имате потреба од никаква посебна оптичка опрема затоа што метеорите ќе можат да се видат и со голо око, по услов небото да е чисто, и да не бидете опкружени од вештачко осветлување.