Велешанец изгоре во пожар во сопствената куќа
Педесет и осумгодишен велешанец изгоре синоќа во сопствениот дом на улицата „Коле Цветков“ кај Црна Џамија, потврдија за МИА портпаролот од СВР Велес Ристе Самарџиев.
Од Службата за итна помош, пак, додаваат дека во домот на изгорениот велешанец бил и неговиот брат, која бил затруен со јаглерод моноксид, но бил спасен со нивна брза интервенција.
-Беше спречена поголема трагедија бидејќи неговиот 60-годишен брат беше затруен со јаглероден моноксид, но со Брзата интервенција на Службата за итна помош тој бил реанимиран и препратен на Интерно одделение при Општа болница Велес, информира за МИА доктор Тања Мишева од службата за Итна Помош.
Како што појасни таа, кај изгорениот во пожарот, 58-годишниот М.Ц, на местото на настанот смрт констатирал дежурниот лекар доктор Жарко Манасков.
Ново на Сител
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
-

Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
-

Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
-

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
