Велешкиот народен музеј годинава со двојно повеќе проекти од лани
На ЛУ Народен музеј од Велес од Министерството за култура по распишаниот конкурс за годинашната програма и се одобрени вкупно 600 илјади денари, за музејско – археолошка дејност за четири проекти и 160 илјади денари од за четири други проекти од ликовната дејност за организирање сопствени изложби.
Марин Клифов в.д.директор на ЛУ Народен музеј истакна дека се задоволни од добиените средства за четири проекти од музејско – археолошка и четири од ликовна дејност, што е, како што рече, двојно повеќе од лани кога биле одобрени два проекти од музејско-археолошка и два од ликовна дејност.
Во областа на ликовната дејност се одобрени вкупно 160 илјади денари за организирање на четири изложби на Илко Стојаноски, Александар Таневски, Филип Коруновски и Марјан Стојаноски.
Првата изложба на ЛУ Народен музеј во Ликовниот салон во Велес е закажана на 27 февруари. Станува збор за позајмена изложба од Конзерваторскиот центар од Скопје насловена „Она што го гледаме за последен пат“ на авторот Дарко Николовски.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата