Македонија
8. July 2015 - 8:16

Велешкиот театар гостува на „Скопско лето“ со „Крал Иби“

На „Скопско лето“ вечер на сцената на Македонскиот народен театар ќе гостува ансамблот на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со претставата „Крал Иби“ на Алфред Жари, во режија на Андреј Цветановски.

Насловната улога ја игра Зоран Љутков, а во актерската екипа се и: Зорица П. Панчиќ, Жарко Димоски, Фаик Мефаилоски, Марија Стефановска, Жарко Спасовски, Драгана Босниќ, Кирил Гравчев, Едмонд Сотир, Славица Манаскова... Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Александра Крнинова-Груев, а музиката е на Димитар Андоновски. 

На програмата на „Кафе-кино“ во Сули ан, пак, во терминот од 21 часот ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Кругот“, снимен минатата година, во режија на Стефан Хаупт.