Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
Велика Британија санкционираше 10 руски функционери и младински организации поврзани со државата, обвинувајќи ги за вмешаност во систематски обид за индоктринација на украинските деца.
„Ниту едно дете не треба да биде искористено како пион во војна. Наспроти тоа, дејствијата на претседателот Путин против украинските деца покажуваат колку далеку тој ќе оди за да ја постигне својата мисија да ја избрише Украина и нејзиниот народ од мапата“, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.
Западните земји воведоа широки санкции кон Русија, од корпорации до клучни политички играчи, во обид да ја казнат Москва за војната.
Велика Британија објави дека „повеќе од 19.500“ украински деца биле насилно префрлени или депортирани од руските власти во Русија и привремено окупираните територии на Украина.
Санкциите го засегаат серуското воено-патриотско јавно движење „Унармија“. Тоа е паравоена организација која игра централна улога во обидите на Путин да го депортира и индоктринира младото поколение на Украина, се вели во британското соопштение за санкциите.
Санкционирана е и Тетјана Завалска, назначена од Русија за раководител на Детскиот дом во Херсон, од кое 46 деца беа насилно однесени оттаму во Русија на посвојување, објави Укринформ.
Виталиј Александрович Сук, директор на интернатот Олешки за деца со посебни потреби во Херсон, исто така е санкциониран поради користење на својата службена положба за незаконско префрлање на украински деца со посебни потреби од Херсон.
Ново на Сител
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово