Велики петок- Кој има главоболки нека ја измие косата на овој ден, а никако ова да не се зема во раце
За христијаните ширум светот денес е Велики петок, денот на Христовото страдање и најтажниот ден во христијанството, кога Исус Христос умрели е распнат на крстот на Голготата.
На Велики петок се пости, обичај е да се бојадисуваат јајца, најчесто со црвена боја, која ја симболизира Христовата крв. На овој ден не се пее, не се весели, а од Велики чеврток, па се до Велигден кога Исус воскреснува, не ѕвонат црквените ѕвона во православните цркви.
На овој ден не се работи ништо од домашните работи, а жените не смеат да земаат игла во рацете, бидејќи се верува дека ќе им излезат пликови.
Во некои земји веруваат дека девојките кои на овој ден ќе украдат цвеќе од црквените порти и го стават под јастук, вечерта ќе го сонуваат идниот сопруг.
Се верува дека тие што на тој ден ја измијат косата, следната година нема да ги боли глава.
Во црквите се поставува посебно украсена маса (Христовиот гроб), под кој верниците се протнуваат и додека го прават тоа треба да замислат желба и да се помолат на Бога
Ново на Сител
-
Уапсен 20 годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Железничката несреќа кај Темпи и понатаму главна тема во Грција
-
Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури
-
Пожарникарите се борат со речиси 200 шумски пожари во Северна и Јужна Каролина
-
Калас: Вашингтон го промени ставот по разговорите со Русија
-
Одеци по лондонскиот самит: Чекор напред со многу ветувања, а малку конкретни одговори
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН
-
Во текот на една недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар