Македонија
16. October 2015 - 8:23

Вељаноски на конференција во Будимпешта

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Националното Собрание на Унгарија Ласло Ковер, денеска ќе учествува на седмата конференција на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан.

Во рамки на конференцијата Вељаноски ќе се обрати на првата сесија „Југоисточна Европа на патот кон Европската Унија", а на втората сесија „Актуелни безбедносни предизвици во Југоисточна Европа - можни решенија" ќе биде копретседавач заедно со домаќинот на конференцијата, претседателот на Националното Собрание на Унгарија, Ласло Ковер.