Вељаноски се сретна со претседателот на ПС на СЕ Аграмунт
Во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти која се одржува во Стразбур, Франција, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се сретна со домаќинот на Конференцијата, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт.
Вељаноски, како што соопшти неговиот кабинет, изразил задоволство од денешната средба на која имал можност да се разговара за актуелните случувања во Македонија и во Европа.
- Двајцата соговорници се согласија дека сите предизвици може да се надминат со смирен пристап и дијалог, со цел добросостојба на сите граѓани и подобра иднина на државата. Во оваа прилика, Вељаноски упати благодарност за принципиелната политика на Советот на Европа кон Република Македонија и постојаната поддршка која нашата земја ја добива од нивна страна. Претседателот Аграмунт се заблагодари за учеството на претседателот Вељаноски на Конференцијата и истакна дека особено е значајна соработката на Република Македонија со сите тела на Советот на Европа. Тој изрази заинтересираност да ја посети Република Македонија и да оствари средби на кои одблиску би се запознал со состојбите во земјата, се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски.
Тој упатил официјална покана Аграмунт да ја посети Република Македонија и да биде гостин на Собранието. Двајцата соговорници изразиле убедување дека досегашната успешна соработка помеѓу Република Македонија и Советот на Европа и во иднина ќе продолжи да се развива во нагорна линија.
Ново на Сител
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител