„Велт ам Сонтаг“: Трамп сака да им ја одземе лиценцата на Германците за вакцина против Ковид-19

Меѓу Германија и САД се појави спор околу вакцината против коронавирус, на која работи германска компанија, а американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја откупи ексклузивната лиценца за САД, пишува весникот „Велт ам Сонтаг“.
– Американскиот претседател се обидува германските научници, кои работат на вакцината против коронавирус, за огромна сума на пари да ги донесе во САД или да обезбеди ексклузивни права на вакцината, објави весникот, повикувајќи се на извори во германското Министерство за здравство.
Според неименуван претставник на сојузното Министерство за здравство во Берлин, „Трамп со сета сила се обидува да ја обезбеди вакцината за САД, но само за САД“.
Истиот извор објаснува дека германската Влада „е заинтересирана таа вакцина против Ковид-19 да се развива и во Германија и во Европа“.
Германската компанија „КјурВек“ (CureVac) на почетокот на март објави на својата интернет страница дека извршниот директор на компанијата се сретнал во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп, потпретседателот Мајк Пенс, како и со претставници на фармацевтски компании собрани во работна група за борба против ширењето на коронавирусот.
Како што претставникот на германското Министерство изјавил за „Велт ам Сонтаг“, Германија сега се обидува да го спречи Вашингтон да добие од германската компанија ексклузивно право на вакцината.
– Германската Влада е во интензивни преговори со компанијата „КјурВек“, наведува владиниот претставник.
Компанијата „КјурВек“ одбива да ги коментира медиумските наводи, но познато е дека забрзано се работи на новата вакцина, која би можела да биде готова до почетокот на летото.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
