-->
-->
Венеција погодена од плима од 1,5 метри
-->

Големи делови на Венеција се под вода денеска поради високата плима од 1,5 метри, ниво што поплави 70 проценти од историскиот центар на градот.
Највисокото ниво на поплавите е регистрирано утрово во 8:40, соопштија властите.
Венеција, град на светското наследство на УНЕСКО, се уште се опоравува од поплавата од близу 1,8-метарска плима на 12 ноември. Тоа беше највисоко ниво во изминатите 53 години и предизвика голема штета.
Висока плима се смета од 140 сантиметри и повисоко.
Венеција е многу повисоко од нултата референтна точка за поплави, а нејзините улици почнуваат да се поплавуваат само кога високите плими достигнуваат до ознаката од 100 сантиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
