-->
-->
Венеса Паради во одбрана на Џони Деп
-->

Откако Ембер Херд објави фотографии на кои се гледаат повреди на нејзиното лице, многумина се посомневаа во нејзините тврдења. Голем број застанаа во одбрана на славниот актер Џони Деп, а денеска се огласи и Венеса Паради.
- Таквите обвинувања се апсурдни. Џони е една нежна и чувствителна особа. Тој е татко на две деца и никогаш кон нас не се однесувал лошо. Тој е полн со љубов и сите го сакаат. Најискрено мислам дека сето тоа не е точно, посочи Паради.
Таа додаде дека со Деп била 14 години и тој никогаш не ја злоставувал на каков било начин.
- Тоа беа преубави 14 години, посочи Паради.
Херд тврди дека била претепана од Деп и бара развод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
