-->
-->
Вербална расправија заврши со убиство во Куманово
-->
Вчера околу 19.00 часот во Секторот за внатрешни работи во Куманово, од страна на доктор од Јавната здавствена установа Куманово, било пријавено дека кај нив од страна на Итна медицинска помош било донесено починато машко лице со убод од нож. По пријавувањето на настанот, увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово и констатирано е дека околу 18,00 часот во с. Липково Б.С (43) од с.Липково, по претходна вербална расправија ,физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С(43) од с.Липково, по што Ј.С починал. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
-
Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено
-
СДСМ: Новогодишната кошничка се покажа целосно промашена
-
Илире Даути си поднесе оставка
-
Од утре стабилно време со позитивни дневни температури
-
Пешак тешко повреден во сообраќајка во близина на трговската зона во Струга
-
Приведен криминалец баран со потерница