Вердиевата „Аида“ за затворање на 44. Мајски оперски вечери
Традиционално со изведба на Вердиевата „Аида“ вечер ќе бидат затворени 44. Мајски оперски вечери. Ќе настапи интернационална солистичка екипа во која насловната улога ќе ја игра првенката на Македонската опера и балет Весна Ѓиновска-Илкова.
Во операта учествуваат и Дина Хамзина од Казахстан (Амнерис), Рубенс Пелицари од Италија (Радамес), Игор Дурловски во улогата на Рамфис, Марјан Јовановски како Амонасро, Кацухиро Котецу од Јапонија (Фараон), Надежда Рубен (Голема свештеничка), Марјан Николовски (Гласник). Режисер е Дејан Прошев, а диригент Иво Липановиќ од Хрватска.
Мајските оперски вечери почнаа на 9 мај со премиера на операта „Евгениј Онегин“ според поемата на Александар С. Пушкин, музика на Петар Илич Чајковски и во режија на Дејан Пројковски.
На програмата на годинашниот фестивал беа 15 настани, од кои десет за возрасна публика, а пет во придружната едукативна програма Мали мајски оперски вечери.
Покрај двете изведби на „Евгениј Онегин“, годинава на МОВ беа уште четири оперски претстави: „Риголето“, „Хофманови приказни“, „Турандот“ и „Аида“. Годинава имаше и две балетски претстави - „Лебедово езеро“ и современиот балет „Заспаните убавици“, како и два концерта - на хорот од Белград „Вива вокс“ и гала-концерт на тројца контратенори.
Малите мајски оперски вечери, наменети за најмладите, се одржаа од 15-ти до 29 мај, со пет претстави: премиера на операта за деца „Црвенкапа“, детските балети „Доктор Офболи“ и „Петар Пан“ и концертите на детскиот хор „Отрада“ од Русија и на детскиот хор на МОБ „Фалсето“ кој по неодамнешното формирање првпат јавно настапи на овој фестивал.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата