Верешчук ги повикa Русите да не посвојуваат деца „украдени“ од Украина
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите да не посвојуваат деца за кои рече дека биле „украдени“ во Украина за време на војната и депортирани во Русија.
Верешчук на својот канал на Телеграм изјави дека сирачињата биле „украдени во Украина“ и наводно биле дадени на посвојување во Русија.
Таа додаде дека „силно им препорачува на руските граѓани да не посвојуваат украински сираци кои нелегално биле однесени од привремено окупираната територија на Украина“.
– „Уште еднаш ги потсетувам сите руски таканаречени „посвоители“ и „старатели“: порано или подоцна ќе мора да одговарате, напиша Верешчук, која е задолжена за социјални прашања.
Според украинското Министерство за интеграција на окупираните територии, 19.514 украински деца во моментов се сметаат за незаконски депортирани.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) кон средината на месецов издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и на рускиот омбудсман за правата на децата Марија Лвова Белова, обвинувајќи ги за наводно незаконско депортирање на деца од Украина во Русија.
Ново на Сител
-
Мицкоси: Предлогот за широка Влада е под услов уставните измени ВМРО-ДПМНЕ да ги достави со гаранции кои ЕУ и САД ќе ги дадат
-
Мицкоски: Нудам три датуми за избори оваа есен или широка влада, заштитен идентитет и брза интеграција
-
Силно невреме со врнежи од дожд и град во Делчево, поплавени десетина објекти | ВИДЕО
-
Запленета акцизна стока наменета за нелегална продажба | ВИДЕО
-
Меџити: За Клинички центар заинтересирани англиска и турска компанија
-
Повредена жена при пожар во нејзиниот дом во Кочани
-
Дедовци се тепале во Драчево
-
Пукање во Чаир: Рането едно лице